Frequently Asked Question

Како да направам исплата на средства?
Последно обновено пред 5 години

За да поднесете барање за исплата на средства, одете во корисничкото мени и изберете ја опцијата „Исплати“. Во прилог е подетално упатство за постапката за исплата.
Пополнете го износот што сакате да го префрлите на вашата регистрирана трансакциска сметка и притиснете на копчето Исплати за да поднесете налог за исплата. Минималниот износ за исплата е 1500 денари. При исплатата се наплатува минимална банкарска провизија. Вашите исплати на трансакциска сметка не подлежат на даноци и други давачки.
Поднесените барања за исплата до 14ч се одобруваат истиот ден или првиот нареден работен ден (доколку барањето е испратено во неработен ден). Останатите барања за исплата испратени по 14:00 часот се одобруваат во текот на следниот работен ден.
Налогот за исплата на одобрените налози вообичаено се испраќа на реализација во банката до 10 часот наутро следниот работен ден по одобрувањето, но во исклучителни случаи може да биде испратен и 2-3 работни дена од одобрувањето.
Реализацијата на одобрените барања за исплата може да се изврши само во денови кога работи банкарскиот платен промет во земјата (работни денови од понеделник до петок, 8:00-14:00 часот).

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!