Frequently Asked Question

Не можам да се регистрирам, ми покажува дека бројот на банкарска сметка е погрешен?
Последно обновено пред 8 години

Ве молиме да проверите дали го внесувате точниот 15 цифрен број на вашата денарска трансакциска сметка отворена во некоја македонска банка при пополнувањето на формуларот за регистрација.
Бројот на VISA или MasterCard платежната картичка не е број на трансакциска сметка и истиот не треба да го внесувате при регистрација.
Трансакциската сметка се користи за проверка на вашиот идентитет и за исплата на добивките од игрите на среќа. Трансакциската сметка мора да е активна и да гласи на ваше име и ЕМБГ. Не е неопходно да имате средства на сметката.
Доколку не го знаете бројот на трансакциската сметка ве молиме да се обратите во некоја од експозитурите на вашата банка.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!