Frequently Asked Question

Колку е безбедно плаќањето на 2win страната?
Последно обновено пред 3 години

2Win веб страната, интернет комуникацијата и онлајн плаќањата се изработени по највисоки стандарди за заштита на вашата сметка.

Интернет комуникацијата со 2win.mk страната е заштитена со SSL сертификат, кој обезбедува криптирана размена на податоци со што се оневозможува трети страни да ги пресретнат вашите податоци.

Во поглед на безбедноста на вашите картички, ние не чуваме податоци за вашите платежни картички кои би можеле да се злоупотребат. Плаќањето со картички е во целосна надлежност на сертифициран процесор за плаќања (Касис) и вашата банка, кои работат по светските стандарди на индустријата на платежни картички и се редовно проверувани од странски сертификациони куќи.

Вашата трансакциска сметка служи единствено за исплата на вашите добивки и не може да се повлечат пари од истата. ДВЛМ нема увид во состојбата на вашата сметка. Средствата кои ги имате на вашата 2win сметка може да се исплатат исклучиво на сметки која гласат на ваше име.

Сепак, за максимална безбедност, вие мора да ја обезбедите вашата емеил адреса и лозинката со која пристапувате на 2win страната за да спречите други лица да пристапат на вашиот 2win профил и да играат со вашите средства.
Никогаш не ги споделувајте вашите платежни картички со други лица и никогаш не вршете депозити на сметки за игра на други лица.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!