Frequently Asked Question

Како да ја направам мојата 2win сметка побезбедна?
Последно обновено пред 1 година

За максимална безбедност ви препорачуваме е-мејл адресата и лозинката со која пристапувате никогаш да не ја споделувате со други лица. 2Win тимот за поддршка никогаш нема да ви ја побара вашата лозинка. Никогаш не ја споделувајте вашата лозинка!

Лозинка: Ви препорачуваме вашата лозинка да ја менувате на период пократок од 3 месеци. При дефинирање на лозинката користете комбинација од најмалку 8 букви, составени од мали, големи букви, бројки и посебни знаци (!#@$?/|\).

Најава: Избегнувајте да се најавувате на 2win страната од компјутери поставени на јавни места или на кои пристапуваат други лица. Доколку го делите пристапот до вашиот компјутер со други лица, избегнувајте лозинката да ви биде меморирана во пребарувачот.

Антивирус: Инсталирајте анти-вирус на вашиот компјутер, редовно ажурирајте ги антивирусните дефиниции и скенирајте го системот, за да го намалите ризикот од кражба на вашите податоци и лозинки.

Платежни картички: Не ја давајте вашата платежна картичка на други лица и не уплаќајте со вашата картичка кон сметки за игра на други лица. Никогаш не ја фотографирајте задната страна од платежната картичка. Броевите на картичката не ги споделувајте со други лица. Активирајте 3D автентикација на плаќањата во вашата банка, со што секое плаќање мора да биде потврдено со SMS код испратен на вашиот личен мобилен број.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!