Frequently Asked Question

Видеолотариските игри не ми даваат никакви добивки
Последно обновено пред 4 години

Видеолотариските игри на 2Win се сертифицирани на стапка на поврат од околу 96% од вкупните влогови во игра од сите играчи заедно. Дополнително на тоа околу 1% од влоговите се одвојува во фондовите за Џекпот, со што вкупната стапка на поврат изнесува околу 97%.
Игрите во понудата имаат различен дизајн и карактеристики на повратот - т.н. „волатилност“ на играта. Со други зборови, одредени игри се дизајнирани да даваат чести и мали поединечни добивки, а други игри имаат поретки, но поголеми поединечни добивки.
Ефективниот поврат исто така зависи и од вашиот стил на игра. Доколку вложувате мал број на големи износи, голема е веројатноста дека брзо ќе ги потрошите вашите средства. Статистички е погрешно да очекувате дека со само 100-300 денари влог ќе остварите 96% поврат. Ефективната стапка на поврат конвергира кон очекуваната вредност со зголемување на бројот на влогови. Теоретски на 1 милион влогови од 1 денар, повратот во играта треба да изнесува околу 960.000 денари.
Во секој случај, вашиот ефективен поврат и остварувањето на добивка е резултат на вашата среќа и не треба да очекувате дека со подолго играње ќе дојдете до добивка или дека некогаш ќе се „извадите“ за вашите загуби. Токму случајноста и непредвидливоста на добивките прават во даден момент помал број играчи да бидат во добивка, а поголем број во загуба.
Сите игри на среќа кои можете да ги пронајдете во светот се дизајнирани да обезбедат предност за приредувачот. Не постои игра на среќа, ниту индивидуална „шема“ на играње, која гарантира добивка за играчот, било на краток или долг рок.
Ви препорачуваме да ги користите опциите за ограничување на вашите загуби од игрите на среќа, кои можете да ги најдете во корисничкото мени - Одговорно обложување - Лимити на загуба. Со поставување на дневни, неделни и месечни лимити на загуба, можете да ограничите колку средства сте спремни да потрошите во дадените периоди во игрите на среќа, за да не се доведете во ситуација да потрошите повеќе отколку што дозволуваат вашите финансиски можности.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!