Frequently Asked Question

Дали можам да вршам депозити со картички на Iutecredit или Diners?
Последно обновено пред 1 година

Употребата на кредитните картички издадени од Iutecredit и Diners е блокирана. Тоа значи дека не е можно да се направи депозит со овие картички.
Причините се следниве:
· Државна видеолотарија на Македонија е должна да обезбеди услови за одговорно играње. Впрочем, од тие причини секогаш ви посочуваме да играте за забава и само со оние средства што сте подготвени да ги изгубите/потрошите во таа забава. Играњето на кредит е индикатор за висок ризик од проблематично обложување. Примањето облози од средства обезбедени со брзи кредити не е етичко и е спротивно на нашата определба да бидеме одговорен приредувач на игри на среќа.
· Според важечките правила на 2win.mk не е дозволено депонирање на средства од картички кои не се на име на регистрираниот играч. На споменатите картичките не е отпечатен податок за сопственикот на картичката и зголемен е ризикот од можни злоупотреби на картички кои не можеме да ги детектираме.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!