Frequently Asked Question

На која сметка стигнуваат парите од исплата со „Банкарски трансфер“?
Последно обновено пред 1 година

Со опцијата „Банкарски трансфер“ исплатата на средства се врши на вашата регистрирана трансакциска сметка, која ја имате внесено заедно со вашите лични податоци на 2win. Бројот на трансакциската сметка можете да го проверите или измените во корисничкото мени „Мои податоци“. Исплатата на средства е дозволена исклучиво на сметки кои гласат на ваше име. Трансакциската сметка мора да е денарска, да гласи на ваше име и презиме, ЕМБГ и да е активна, за да ви се овозможи учество во игрите на среќа и исплата на средства.

Сите добиени барања за исплата до 14:00 часот се одобруваат за исплата истиот ден или првиот нареден работен ден (доколку барањето е испратено во неработен ден). Останатите барања за исплата испратени по 14:00 часот се одобруваат во текот на следниот работен ден.
Налогот за исплата на одобрените налози вообичаено се испраќа на реализација во банката следниот работен ден по денот на одобрувањето, но во исклучителни случаи може да биде испратен и 2-3 работни дена од одобрувањето. Средствата на вашата трансакциска сметка се евидентираат по комплетирањето на меѓу-банкарскиот клиринг околу 16.00 часот.
Барањата за исплата може да се реализираат само во денови кога работи банкарскиот платен промет во земјата (работни денови од понеделник до петок, 8:00-14:00 часот).

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!