Frequently Asked Question

На извод се јавуваат плаќања на датуми на кои немам депонирано средства
Последно обновено пред 1 година

Сите интернет плаќања се реализираат во две фази. Првата фаза е авторизација на плаќањето кога вашата банка ги резервира средствата од вашата сметка, додека во втората фаза се врши фактичка наплата од вашата сметка. На изводот од трансакциите од вашата сметка овие настани се прикажани во колоните „Датум на валута“ и „Датум на трансакција“.
Извршениот депозит се прикажува на изводот од трансакциската сметка, откако фактички ќе се наплати од вашата сметка. Се дотогаш овие плаќања се водат како „Трансакции во тек“ или „Резервирани средства“ и не се појавуваат во изводот. Вообичаено постои разлика од 1 до 7 дена помеѓу резервацијата и наплатата на средства од вашата сметка.
Ве молиме да ги проверите детално изводите од вашата сметка и да го проверите „Датум на валута“ на спорните трансакции. Овој датум треба да се совпаѓа со датумот кога имате извршено депозит на 2win страната. Историјата на депозити на 2win.mk можете да ја проверите во менито „Мои плаќања“.

Ве молиме почекајте!

Ве молиме почекајте... ќе потрае неколку секунди!