Frequently Asked Question

За колку време се врши исплата?
Last Updated 2 vite me pare

Исплатата на средствата се одвива по следната процедура:
Сите добиени барања за исплата до 14ч се одобруваат за исплата истиот ден или првиот нареден работен ден (доколку барањето е испратено во неработен ден).

Останатите барања за исплата испратени по 14ч се одобруваат во текот на следниот работен ден.

Налогот за исплата на одобрените налози вообичаено се испраќа во банката до 10 часот наутро следниот работен ден по одобрувањето, но во исклучителни случаи може да биде испратен и 2-3 работни дена од одобрувањето.

Барањата за исплата може да се реализираат само во денови кога работи банкарскиот платен промет во земјата (работни денови од понеделник до петок, 8:00-14:00 часот). Средствата на вашата трансакциска сметка се евидентираат по завршувањето на дневниот меѓу-банкарски клиринг околу 16.00 часот.

Поради природата на функционирање на платниот промет во државата, технички не постои начин средствата веднаш да бидат достапни на вашата трансакциска сметка или картичка. Ова ограничување важи за сите приредувачи на игри на среќа во земјата и во странство.

Ожидайте

Ожидайте... это займет пару секунд.