Frequently Asked Question

Што значат игрите Over/Under и Азиски хендикепи?
Last Updated 7 years ago

Во продолжение е споредбена табела на типовите за обложување на голови со оние кои вообичаено ги среќавате во обложувалниците. За добивка е потребно да се постигнат повеќе (Over) или помалку (Under) голови од бројот во загради.
Примери:
Goals over (0.5) = Добивка за 1 и повеќе голови
Goals over (1.5) = Добивка за 2 и повеќе голови
Goals over (2.5) = Добивка за 3 и повеќе голови
Goals over (3.5) = Добивка за 4 и повеќе голови
Goals under (1.5) = Добивка за 1 и помалку голови
Goals under (2.5) = Добивка за 2 и помалку голови
Goals under (3.5) = Добивка за 3 и помалку голови

Кај игрите на Азиските хендикепи, цел број во заградата (без децимали) означува игра каде за точно погоден број на голови на играчот му се враќа влогот. За да остварите добивка потребно е на натпреварот да се постигнат повеќе голови од наведениот број во заградата.
Примери:
Goals under (1) = коефициент 1 за точно 1 гол, добивка за 0 голови
Goals under (2) = коефициент 1 за точно 2 гола, добивка за 0-1 гол
Goals over (2) = коефициент 1 за точно 2 гола, добивка за 3+,
Goals over (3) = коефициент 1 за точно 3 гола, добивка за 4+ голови

Посебен вид на игра е т.н. „Two-way“ азиски хендикеп, каде влогот се дели на две половини и за секоја половина се пресметува добивка во зависност од резултатот. Во заградата се двата типа, на пример (1-1.5). Оваа ознака може да се јави и во форма .25 и .75. На пр. 1.25 што е еквивалентно на (1-1.5). или 1.75 што е исто со (1.5-2)
Примери:
Goals over (1-1.5) односно (1.25) = Половина од влогот е на тип Total goals over (1), а другата половина за Total goals over (1.5). За да двата типа бидат добитни потребно е да паднат 2 и повеќе гола. За точно 1 гол се добива 50% од влогот.
Goals over (1.5-2) односно (1.75) = Половина од влогот е на тип Total goals over (1.5), а другата половина за Total goals over (2). За да двата типа бидат добитни потребно е да паднат 3 и повеќе гола. За точно 2 гола добитен е првиот тип со 50% од влогот помножен со коефициентот, а за другиот тип се враќа половина од влогот (коеф. 1).

Повеќе информации за Азиските хендикепи можете да добиете на страната https://en.wikipedia.org/wiki/Asian_handicap

Please Wait!

Please wait... it will take a second!