Frequently Asked Question

Направив депозит, а не ми се одобрени средства на сметката
Last Updated 2 years ago

Во корисничкото мени „Мои плаќања“ можете да ја следите историјата на вашите трансакции за депозити/исплати.
Успешно направените депозити за кои се одобрени средства на вашата сметка имаат ознака „Deposited”. Успешно комплетираните депозити се евидентираат на вашата 2win сметка за игра веднаш откако во системот ќе пристигне повратна информација од процесорот за плаќања дека трансакцијата е одобрена од страна на банката. Дозволете 15-30 минути за процесирање на трансакцијата од страна на cPay откако ќе бидете вратени на 2win страната со порака дека трансакцијата е успешна.

„Requested“ означува дека трансакцијата е започната, но се уште не е завршена. Откако ќе измине дозволеното време за завршување на трансакцијата истата ќе биде означена како истечена ("Expired") и со тоа се смета дека е неуспешна.

Неуспешните обиди за депозит се означени со статус „Deposit Failed”.
Ние немаме увид во случувањата откако ќе бидете префрлени на cPay страната, ниту добиваме било каква информација зошто поединечна трансакција е неуспешна. Депонирањето средства е во целосна контрола на вашата банка и процесорот за плаќања (cPay). За повеќе детали во врска со неуспешните плаќањата обратете се до cPay процесорот за плаќања и банката издавач на картичката. При обидот за депозит вашата банка може привремено да изврши резервација на средствата од картичката и да добиете СМС порака за резервацијата, но кратко време по одбивањето на плаќањето овие средства ќе се вратат на вашата сметка. Ве молиме да го проверите изводот од вашата картичка за потврда дали средствата се наплатени од вашата сметка.

Доколку од вашата банка имате потврдна информација дека ви се одземени средства (извод за наплатени трансакции од вашата сметка), а истата трансакција на 2win нема ознака „Deposited”, ве молиме веднаш да не известите со детали за датумот и бројот на трансакцијата (Transaction ID).
Во комуникацијата со вашата банка секогаш наведете ги точните детали за вашиот обид за плаќање (време, број на картичка, име на трговецот ДВЛМ-Касинос Аустриа) за да добиете прецизен одговор за причините за неуспешното плаќање.

Cpay инфо за процесот на плаќање: +389 2 3293 888

Please Wait!

Please wait... it will take a second!