Frequently Asked Question

Депозитите ми се одбиваат, а имам средства на картичката
Last Updated a year ago

Од процесорот за плаќања не добиваме информација за причините зошто поединечна трансакција е одбиена, ниту имаме било какво влијание врз одлуката за прифаќање или одбивање на трансакцијата. Депонирањето средства е во целосна контрола на вашата банка и процесорот за плаќања (cpay.com.mk). ДВЛМ е само пасивен примач на средствата од налозите за депозит кој сте ги извршиле преку страната на cpay и вашата банка ги одобрила. 

Ве молиме да ја контактирате вашата банка или CPAY за да добиете повеќе информации за одбиените трансакции или било каква нерегуларност. Телефонскиот број на контакт центарот на банката е наведен на задната страна од вашата картичка. Во комуникацијата секогаш наведете го конкретниот обид за плаќање, времето на трансакцијата, износот и трговецот (ДВЛМ-Казинос Аустриа) и побарајте информација зошто е неуспешен, за да добиете точна информација за проблемот. На општи прашања од облик „дали има некој проблем?“ и слични, ќе добиете одговор дека „се е во ред“.

CPAY инфо за процесот на плаќање: +389 2 3293 888

Please Wait!

Please wait... it will take a second!