Frequently Asked Question

Зошто депозитите се извршуваат веднаш, а за исплата се чека со денови?
Last Updated a year ago

Кога вршите депозити, средствата се пренесуваат на сметката на ДВЛМ најрано наредниот работен ден по одобрувањето на банката. Разликата е во тоа што ДВЛМ ви ги одобрува средствата за игра веднаш откако ќе добиеме потврда дека плаќањето е одобрено, поради што изгледа дека преносот е моментален. Сепак, фактичкиот пренос на парите од една на друга банкарска сметка се извршува најрано следниот работен ден во двата случаи.
Поради природата на функционирање на платниот промет во државата, технички не постои начин средствата веднаш да бидат достапни на вашата трансакциска сметка или картичка. Ова ограничување важи за сите приредувачи на игри на среќа во земјата и во странство. 

Трансакциите може да се реализираат само во денови кога работи банкарскиот платен промет во земјата (работни денови од понеделник до петок, 8:00-14:00 часот). Средствата на вашата трансакциска сметка се евидентираат по завршување на меѓу-банкарскиот клиринг околу 16.00 часот. 

Please Wait!

Please wait... it will take a second!