Frequently Asked Question

Како да ги променам моите податоци за контакт?
Last Updated 2 years ago

За промена на вашите податоци најавете се на 2Win страната со вашиот е-мејл и лозинка, потоа одете во корисничкото мени и отворете ја опцијата „Мои податоци“. Вашите податоци ќе бидат прикажани на екранот и ќе можете да ги измените податоците за град и адреса на живеење, контакт телефон, трансакциска сметка, оптина и лозинка за пристап. За зачувување на промените притиснете на копчето „Зачувај“.
Доколку вршите измена на трансакциската сметка, истата мора да е денарска, да гласи на ваше име и презиме, ЕМБГ и да е активна за да успешно се изврши верификацијата.
По промената на трансакциска сметка во вашиот „Клиент панел“ проверете го статусот на вашиот профил кој треба да гласи VERIFIED.
Промената на име, презиме, датум на раѓање, земја на живеење и ЕМБГ не е дозволена.

Доколку сте направиле промена на вашето име или презиме, испратете фотографии од вашата нова лична карта преку опцијата „Верифицирај профил“ во менито „Мои податоци“. Испратете известување на support@2win.mk за доставените документи и настанатата промена на вашите лични податоци. Службата за корисничка поддршка ќе изврши корекција на вашите податоци согласно доставените документи.

Please Wait!

Please wait... it will take a second!